Северна Кореја ќе и плаќа долг на Чешка со „женшен“

Од Министерството за финансии на Чешка соопштиле дека размислуваат да простат дел од долгот што го има Северна Кореја кон земјатаа, во замена за „женшен“ тоник за подобрување на здравјето. Неодамна Северна Кореја предложи дел од долгот кој изнесува 7,5 милиони евра да се отплати со женшен. Северна Кореја и должи на Чешка за некогашната испорака на трамваи и машини.