Куќните совети до петок да станат Заедница на сопственици

Во петок истекува рокот во кој куќните совети имаат можност да се регистрираат како Заедница на сопственици или да ангажираат фирма која ќе ги врши работите за управување со станбената зграда. Откако ќе стапи на силa новиот Закон за домување, тие што нема да го почитуваат ќе треба да платат казна, секој стан по 300 евра а за управителите и заедниците доколку не ги исполниле обврските-700 евра. Заедницата на сопственици мора да има претседател и благајник а на крајот на годината ќе мора да поднесат завршна сметка во Централниот регистер.