Бомбаши самоубијци се разнеле во Авганистан

Двајца бомбаши самоубијци се разнеле денеска во западен Авганистан на првиот ден од Рамазан, кога им се активирале бомбите пред време. Шефот на локалната полиција изјавил дека тие се обидувале да влезат во џамија во градот Фарах кога им се активирал експлозивот. При експлозиите се уништени и делови од џамијата. Имамот на џамијата осомничен дека им помагал на бомбашите , избегал по експлозијата, но подоцна го уапсила полицијата.