Израелскиот генарал го оправдува нападот на турските активисти

Началникот на Генералштабот на израелската војска Габи Ашкенази денеска пред истражна комисија ја бранел оправданоста на акцијата на израелските командоси кои ја нападнаа флотилата којa носеше хуманитарна помош за Газа. Генералот изјавил дека војниците стрелале оправдано, а истрелите биле насочени кон оние во кои било неопходно да се стрела. Ашкенази изјавил дека целата акција била одмерена и оправдана, а војниците покажале храброст и ладнокрвност. Генералот е третата личност по ред кој сведочи пред истражната комисија која ги истражува околностите за нападот во мај. Пред него сведочеа премиерот Нетенјаху и министерот за одбрана.