Пожари и во радиоактивни области во Русија

Русија денеска за прв пат потврди дека има пожари и во радио-актвно контаминирани области. 28 пожари на 269 хектари имало во областа Брианск, еден од најрадиоактивните области, по катастрофата во Чернобил , во соседна Украина. Експертите предупредуваат дека радиоактивен чад и пепел би можел да се прошири на разни места. Инаку, руската влада соопшти дека пожарникарите ги преполовиле областите во кои беснеат пожари во централна Русија, но оти сеуште стотици пожари се надвор од контрола. Руските медиуми искажаа серија критики до властите за несоодветно справување со пожарите.