Во Русија продолжува борбата со пожарите

Руските пожарникари и екипите за итни случаи продолжуваат со напорите да го спречат ширењето на пожарите во градовите во кои има нуклеарно оружје. Еден војник загина во понеделникот додека се обидувал да го изгаси пожарот кој се наближувал до нуклеарниот истражувачки центар во Саров. Во меѓувреме официјалните лица соопштија дека огнената стихија се наближува и до планината Урал, каде што се наоѓа уште еден руски нуклеарен истражувачки центар.