СЗО:Заврши пандемијата на новиот грип

Светската здраствена организација денеска и официјално прогласи дека е ставен крај на пандемијата на новиот грип. Директорката на СЗО изјавила дека пандемијата веќе не е во шестата фаза. Сега нивото на грипот од типот Х1Н1 е на ниво на кој било друг сезонски грип.