Иран спрема гробници за американски војници

Иран копа масовни гробници за да ги закопа американските војници во случај на евентуален напад од страна на Соединетите држави , изјавил поранешен командант на иранската елитна Револуционерна Гарда. Изјавата за масовните гробници, доаѓаат по изјавата на американкиот шеф на Генералштабот , адмирал Мајк Мулен кој минатата недела соопшти дека американските сили имаат план за напад на Иран, но дека тој сепак мисли дека таквиот напад е лоша идеја. Генералот Хосеин Канани Могхадам, кој беше заменик-командант на Гардата за време на осумдесетите години на минатиот век , изјави дека гробовите се ископани во југозападната провинција Кузестан.