При лизгање на земјиштето во Кина 700 загинати

Бројот на жртви од лизгање на земјиштето во Кинa се искачи на 700 луѓе, а повеќе од 1000 се уште се исчезнати, соопштуваат кинеските власти. Надојдената кал и лизгањето на земјиштето се предизвикани од поројните дождови кои ја зафатија провинцијата Гансу . Најмалку 3 села се целосно затрупани од калта. Овој случај е последната катастрофа во Кина која продолжува да се справува со последиците од поплавите, кои се оценуваат како најлошите во последната деценија. Државниот врв во Кина оджрува сотанок за тоа како да се справат со последиците од поплавите и да се надмине кризата.