Хезболах: Израел вклучен во атентатот врз Харири

Лидерот на Хезболах во Либан шеикот Хасан Насралах објави извидувачки снимки за кои вели дека имплицираат оти Израел стоел зад атентатот врз поранешниот либански премиер Рафик Харири во 2005 година. Тој прецизира дека овие снимки отвораат нови хоризонти во истрагата. Меѓународниот суд во Хаг ги истражува наводите дека во убиството на Харари би можело да биде инволвиран Хезболах. Одлуката на Трибуналот се очекува во текот на оваа година и доколку Хезболах е обвинет, постојат страхувања дека тоа би можело да предизвика немири меѓу сунитските поддржувачи на Харири и шиитските следбеници на Хезболах.