Продавал воени тајни за куќа на море

Американскиот федерален суд обвини поранешен инжинер на авионите Б-2 Стелт за продавање воени тајни на Кина. 67-годишниот Ношир Говадиа е обвинет дека им помогнал на Кинезите да изработат „невидлива“ крстосувачка ракета. За таа услуга добил најмалку 110 илјади долари од Кина, со што наводно ја исплаќал хипотеката на куќа со поглед на море.
Говадиа, кој е во притвор од 2005 година, се соочува со доживотен затвор.