Русија:вонредна состојба во подрачје на нуклеарен комплекс

На подрачјето на нуклеарниот комплекс Мајак источно од Москва е прогласена вонредна состојба поради ширењето на пожарите во таа зона, соопштуваат властите. Администраторот на областа каде се наоѓа комплексот за утре свика вонредна седница за тоа како да се справат службите со пожарот. Во Русија денеска горат 174 илјади хектари.