Авганистан започнува истрага за убиствата на странските лекари

Министерството за внатрешни работи на Авганистан денеска започнаа истрага за смртта на десетте медицинска работници, од кои осум странци, чии тела беа пронајдени во петокот. Иако Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, од министерството соопштуваат дека е прерано да се каже кој е одговорен за убиствата. Меѓу загинатите странци има Американци, Германец и Британец. Владите на овие земји вчера го осудија настанот. Денеска и од НАТО соопштија дека станува збор за трагичен настан и повикаа на координација за зголемување на безбедноста во Авганистан .