Во поплавите во Централна Европа 11 загинати

Најмалу 11 луѓе загинале во поплавите кои ја зафатија Централна Европа. Од полското министерство за внатрешни работи соопштуваат дека во поплавите загинале тројца луѓе. Чешките власти наведуваат дека се удавила 5 луѓе, а во Германија загинале 3 луѓе. Поплавите се најлоши на тромеѓето каде се граничат трите држави. Од погодените места властите го евакуираат населението..