Нетенјаху има доверба во комисијата на ОН за Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има доверба во групата од четворица експерти, задолжени од ОН да ги испитаат околностите околу израелскиот напад на флотата со помош на Газа, при што на 31 март загинаа девет активисти. Премиерот го потврди назначувањето на Јосиф Сичановер како израелски претставник во групата на ОН. Сичановер бил генерален директор на израелското Министерство за надворешни работи, правен советник во Министерството за одбрана и шеф на мисијата на Министерството за одбрана на САД.