Нови евакуации во Пакистан, дождот не запира

На југот на Пакистан и денеска се евакуира населението бидејќи врнежите не престануваат. Досега поплавите погодија 15 милиони луѓе. Во провинцијата Тори Банду, неколку села се под вода. Досега од таму биле евакуирани милион луѓе. Премеирот Јусуф раза Гилани кој ги посетува погодените области повторно повикал на меѓународна помош. Тој изјавил дека станува збор за голема трагедија,а затоа што дождовит не запираат тие очекуваат дополнителни проблеми и загуби. Премиерот изјавил дека Пакистан не може сам да се бори со состојбите. САД, Италија , Бразил и Австралија најавија дека ќе издвојат помош за населението.