Бомба усмртила двајца турски војници

Двајца турски војници загинале од експлозија на бомба поставена на патот во југоисточна Турција, јавува новинската агенција Анадолија. Експлозивот бил активиран со далечениски управувач во близина на границата со Сирија. Курдските бунтовници кои се борат за отцепување на југоистокот на Турција, често ги напаѓаат турските воени возила. Бунтовниците почнувајки од јуни ги зачестија своите напади, откако пропаднаа нивните напори да преговараат со турската влада. Од јуни до сега загина 22 војници и 49 бунтовници.