Авганистан:годинава 1.325 цивилни жртви

Повеќе од 1.300 цивили се убиени во Авганистан досега оваа година, претежно од талибанските бунтовници, наведуваат во својот извештај од авганистанската Независна Комисијата за човекови права. Според нивните истражувања Талибанците се одговорни за околу 68 проценти од 1.325 смртни случаи, додека авганистанските и војниците на НАТО се виновни за 23 проценти. Бројот на цивилните жртви се зголемил за 5 проценти во споредба со минатата година. Цивилните жртви станаа критично прашање во авганистанската војна.