Јужна Кореја:вежба за детектирање севернокорејски подморници

Морнарицата на Јужна Кореја спровела интензивни ноќни вежби чија цел било откривање на севернокорејски подморници. Вежбата во Жолто Море е дел од поголема, пет-дневна поморска вежба за да се подготви земјата од евентуални нови напади на бродови , како тој при што загинаа 46 луѓе. Јужна Кореја и Западните сили ја обвинуваат Северна Кореја за тој настан, но Пјонгјанг негира. Вежбата е фокусирана на подобрување на воените способности на Јужна Кореја да ги детектира подморниците и торпедата на Северна Кореја. Северна Кореја се закани дека ќе се одмазди за серијата воени вежби.