Пет НАТО војници загинале во Авганистан

Пет војници на НАТО, вклучувајќи и двајца Американци, се убиени во јужен Авганистан. Во соопштението од НАТО, се наведува дека еден војник загинал при експлозија на бомба, двајцата американски војници загинале во престрелки со бунтовниците, а двајца дански војниците загинале кога нивното возило наишло на бомба додека патролирале во провинцијата Хелманд. Оваа година во Авганистан загинале 422 војници на НАТО.