Во поплави во Централна Европа 8 загинати

Осум луѓе починале поради поплавите предизвикани од обилните дождови во Централна Европа. Извештаите велат дека четири лица се удавиле во Чешка, три починалe во Германија и еден во Полска како последица на надојдените реки . Во областите загорозени од поплави се евакуира населението.