Авганистан:пронајден мртов исчезнатиот политичар

Двајца војници на НАТО загинале во експозија на бомба на југот од Авганистан, а таму било пронајдено и телото на еден кандидат за пратеник. Шефот на локалната полиција соопштил дека телото на кандидатот Наџибулах Гулистани било пронајдено обезглавено . Тој беше киднапиран пред две недели од неговиот дом . Парламентарните избори во земјата треба да се одржат на 18 септември.