Спречен планот за напад на претседателот на Индонезија

Претседателот на Индонезија Сусило Бамбанг Јудојоно изјавил дека полицијата го разоткрила планот на терористите за напад врз него додека престојувал во посета на провинцијата Западна Јава, јавиле државните медиуми. Тој изјавил дека во Индонезија терористите никогаш нема да победат и да го тероризираат невиниот народ. Локалните медиуми соопштуваат дека во Западна Јава утрово биле уапсени двајца осомничени за тероризам , а полицијата се обидела да го уапси и третиот кој успеал да побегне.