Комшиќ:Босна треба да има еден претседател

Pо парламентарните избори во Босна и Херцеговина на 3 октомври неминовно ќе дојде до уставни промени, според кои земјата ќе треба да добие еден претседател, изјавил хрватскиот член на колективното босанско Претседателство Жељко Комшиќ. Според него е ирационално што во секоја институција има по тројца или четворица функционери, и дека сето тоа изгледа смешно и не е никаква гаранција за национална еднаквост. Босна е поделена на две административни единици - Република Српска и Муслиманско-хрватска федерација. Шеф на државата е претседателот на колективното Претседателството, што се состои од Муслиман, Хрват и Србин, избирани преку директно гласање за мандат од четири години. Членовите на Претседателството се менуваат на функцијата претседател на Претседателството според ротациски принцип, на секои осум месеци.