Перо Стојановски нерезидентен амбасадот во Нов Зеланд

Македонскиот амбасадор во Австралија Перо Стојановски , стана и првиот нерезидентен амабасадор на Македонија во Нов Зеланд. Од Амбасадата во Австралија соопштуваат дека Стојановски бил во посета на Нов Зеланд и се сретнал со гувернерот и со други официјални лица. На разговорите, била потенцирана потребата од интензивирање на билатералниот политички дијалог како и натамошно развивање на соработката на економски план и во рамките на меѓународните организации и институции, посебно во системот на ОН.