Стејт Департментот за тероризамот во Косово

Во извештајот за тероризам на Стејт департментот се наведува дека минатата година во Косово немало непосредни терористички акции, но исламските екстремисти биле вмешани во домашни и меѓународни терористички заговори. Во извештајот за тероризамот во Косово за 2009-та се наведува дека екстремистите и понатаму одржувале врски со организиараниот криминал. Пишува и дека Еулекс и неодамна основаната Косовска разузнавачка служба сметаат дека многубројните исламистички невладини организации кои делуваат во земјта се вклучени во сомнителни активности , како перење на пари кои понатаму се искористуваат за финансирање на терористички дејствија на Блискиот Исток.