МВР заплени 135 килограми марихуана

Од Министерството за внатрешни работи утрово заплениле 135 килограми марихуана која од Македонија преку Албанија требало да заврши во Швајцарија. Се проценува дека на швајцарскиот нарко-пазар марихуаната можела да достигне цена од над половина милион евра. Дрогата била запленета на автопатот Велес - Неготино близу наплатната рампа кај Грдаско,во гостиварско товарно возило . При тоа се приведени и двајца луѓе.