Ахмадинеџад:критика за извештаите за обидите за атентат

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ja осуди меѓународната медиумска покриеност на наводниот обид за атентат врз него. Ахмадинеџад на одбележувањето на националниот ден на репортерите изјавил дека западните медиуми од една обична петарда испукана од еден млад човек кој ја испукал од возбуда направиле фама. Во средата за време на неговото патување, во градот Хамадан, медиумите јавија дека рачна граната експлодирала, десетици биле повредени, а претседателот преживеал обид за атентат. Официјалната новинска агенција ИРНА, соопштува дека прво Арабската а потоа и западните медиуми го"злоупотребиле" на безопасниот инцидент за свои политички цели.