Талибанците одговорни за смртта на 8 лекари во Авганистан

Талибаните ја презедоа одговорноста за погубувањето на најмалку 8 странски државјани најголемиот дел од нив лекари , чии тела беа пронајдени на северот од Авганистан. Полицијата во провинцијата Багахсан пронајде 10 тела, од кои 6 на германски и 2 на американски лекари. Пронајдени се уште 2 тела на Авганистанци. Од организацијата Мисија за меѓународна подршка која со години делува во Авганистан, на својата интернет страница соопштуваат дека најверојатно телата се на нивни мисионери.