Пакистан бара меѓународна помош за справување со поплавите

Премиерот на Пакистан Јусуф раза Гилани изјави дека поплавите во земјата предизвикале колосални штети и повика меѓународната заедница да помогне. Повикот на Премиерот следува по објавата на Канцеларијата за управување со кризи, дека над 12 милиони луѓе се погодени од поплавите. Гилани изјави дека ова се најлошите поплави во последните 63 години. Премиерот повика меѓународната заедница да помогне за да се ублажат последиците од катастрофата. Тој се забалгодарил за веќе доставената помош . Во поплавите загина најмалку 1600 луѓе, стотици илјади се раселени, многу домови се уништени, а уништено е и обработливо земјиште .Официјални лица предупредија дека обилните дождови кои и понатаму врнат може да ја интензивираат кризата и да ги закомплицираат напорите да се достави храна, лекови и засолништа за жртвите.