Прилеп одбележува 9 години од Карпалак

Во Прилеп денеска започнува одбележувањето на деветгодишнината од загинувањето на 10 - те резервисти кај месноста Карпалак. Денеска ќе бидат посетени неколку споменици и спомен собатата посветена на 10-те Прилепчани. Централното чествување е утре пред спомен-обележјето Карпалак во центарот на Прилеп. Градот ќе им оддаде почит, а најавени се и претставници од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ. Десетте резервисти животот го загубија на 8 август 2001 година кај Карпалак кога беше нападнат нивниот конвој