Србија продаде авиони на Ирак за 100 милиони долари

Србија ги доставила првите три од предвидените 20 авиони за воен тренинг на Ирак, соопшти министерството за одбрана во Белград. Договорот е вреден 100 милиони долари. Станува збор за авионите Ласта 95 и целата пратка ке биде испорачана до крајот на 2010.