Холандија не дава пари за одбиените баратели на азил од Македонија

Холандскиот министер за правда Ернст Хирш Балин решил да ги исклучи македонските граѓани чии барања за политички азил во Холандија се одбиени од можноста да добијат финансиска помош за враќање во Македонија. Одлуката е донесена по барањето за азил во Холандија од околу 200 македонски граѓани во изминатите неколку месеци, соопшти денеска амбасадата на Холандија во Скопје. Балин, како што се наведува, би сакал со оваа одлука да обесхрабри секаков вид несоодветно користење на постапката за азил чија цел е да осигура заштита на лицата кои тоа ќе го побараат во Холандија.