Средба Зардари, Камерон

На денешните разговори во Лондон меѓу британскиот премиер Дејвид Камерон и пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари се гледа како на обид за обновување на затегнатите дипломатски односи. По средбата тие ја истакнаа важноста од добрите односи меѓу нивните земји. Камерон за време на посетата на Индија во минатата недела изјави дека Пакистан не прави доволно за спречување на, како што рече, извозот на исламски тероризам.