Турција и Јужна Кореја преговараат за изградба на две АЕЦ

Турција очекува до крајот на август да го потпише договорот со Јужна Кореја за изградба на Атомски Централи од страна на јужнокорејската државна електрична компанија КЕП Ко, изјави турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.
Министерот, меѓутоа, посочи дека има некои важни прашања за кои се уште не е постигната согласност.
Турција сака да изгради две Атомски Централи - едната во Синоп, а втората во Аквју на турското средоземноморско крајбрежје, за која Русија и Турција во мај потпишаа спогодба вредна 20 милијарди долари.