САД - Пораст на тероризмот во Грција

Американскиот Стејт департмент, како што јави, грчката агенција АНА-МПА, оценил дека внатрешниот тероризам во Грција значително пораснал во 2009 година, по масовните демонстрации од декември 2008 година.
Во документот се посочува дека во минатата година биле регистрирани над 430 случаи што ја засегаат безбедноста на Грција, а биле определени како инциденти.
Според Стејт департментот, екстремистите се повеќе избираат за цели фирми и безбедносни институции, а во нападите се употребува повеќе оружје, отколку претходно.