Мисијата за помош на ОН уште една година во Ирак

Безбедносниот Совет го продолжи мандатот на мисијата на Обединетите Нации за помош на Ирак на уште една година. Советот испрати апел и до ирачките лидери брзо да формираат влада по парламентарните избори на 7 март во наредната година. Партијата на поранешниот премиер Ијад Алави води во анкетите, а на второ место се наоѓа сегашниот премиер Нури Ал Малики.