До гробот на Качински повторно спорна реклама

Во близина на гробот на неодамна починатиот претседател на Полска Лех Качински повторно осамна контроверзна реклама. Овој пат пораката на рекламата е „Оживеј и победувај“. Претходоно имаше реклама за пиво „Ладен Лех“. Рекламите се поставени на едно од најатрактивните места во Краков на хотелот кој се наоѓа наспроти замокот Вавел во кој е закопан Качински. Приврзаниците на починатиот претседател бараат рекламата да се острани од местото.