Продолжена мисијата на ОН во Ирак

Советот за безбедност на ОН денеска го продолжи мандатот на мисијата на ОН во Ирак, за една година. Советот едногласно го донесе решението мисијата да трае до 31 јули идната година. Од ОН апелираа до политичарите во Ирак да формираат Влада . Земјата е во политички вакум бидејќи по изборите во март партиите не можат да се договорат за коалицирање и формираат влада.