Турските бродови се враќаат од Израел

Трите турски бродови кои беа дел од флотилата која неуспешно се обиде да достави помош за Газа на 31 мај, добија дозвола да го напуштат Израел и да се вратат во Турција. Бродот Мави Мармара на кој израелските командоси извршија рација при што загинаа девет луѓе, во Турција ќе го враќаат три шлепери. Во химанитарниот конвој учествуваа шест бродови. Бродовите во Турција се враќат по барање на Анкара.