Русија привремено го забрани извозот на пченица

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека предложил привремена забрана за извоз на жито поради слабите приноси оваа година. Овој потег следува откако земјата се соочува со рекордни температури и суша која ги уништи житните култури. Организацијата за храна и земјоделие на ОН исто така соопшти дека годинава имало намалени приноси на жито насекаде во светот поради лошите климатски услови.