Стотици демонстранти спречени да стигнат на митинг во Бишкек

Киргистански владините сили употребиле солзавец и шок бомби за да ги растераат стотиците демонстранти кои се обидувале да стигнат на митингот во Бишкек. Владините сили испукале и предупредувачки истрели за да ги растераат демонстрантите. Шефот на Киргистанската служба за националана безбедност соопштил дека силите постапуваат по информациите дека некој од демонстрантите се дојдени да ја соборат привремената влада. Во меѓувреме, илјадници луѓе присуствувале на митингот пред парламентот во Бишкек да изразат подршка за Урмат Баруктобасов кој се врати во земјата од егзил по неуспешниот обид да ја освои власта пред 5 години .Демонстрантите бараат да се поништат сите обвиненија против Баруктобасов и да го назначат за премиер.