Наоми Кембел сведок во случајот против Чарлс Тејлор

Супер моделот Наоми Кембел денеска сведочеше во Хашкиот трибунал за воени злосторства, во процесот против бившиот лидер на Либерија Чарлс Тејлор. Во својот исказ, Наоми Кембел потврди дека по вечерата со Чарлс Тејлор во Јужна Африка, организирана од Нелсон Мендела, добила на подарок небрусени дијаманти, но не знаела од кого. Таа потоа ги дала дијамантите во добротворни цели. Тејлор е обвинет дека земал дијаманти од бунтовниците во Сиера Леоне, а потоа со нив купувал оружје. Чарлс Тејлор е соочен со 11 обвиненија за злосторства поврзани со конфликтот во Либерија и Сиера Леоне, во кој загинаа над 250 илјади луѓе.