Фидел Кастро во сабота ќе говори во кубанскиот Парламент

Бившиот претседател на Куба Фидел Кастро, во сабота ќе има обраќање во кубанскиот парламент, за прв пат во последниве 4 години. Кастро свика специјална седница на парламентот, изразувајки желба да зборува за можноста од нуклеарна војна доколку, како што оцени, Соединетите Држави и Израел, се обидат да воведат меѓународни санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма.