Масовна предупредувачка воена вежба на Јужна Кореја

Јужна Кореја денеска започна, досега најголеми, анти-подморнични вежби во близина на морската граница со Северна Кореја. Вежбите треба да испратат сигнал до Северна Кореја да не го повтори случајот со торпедирањето на Јужно-корејскиот воен брод, во март годинава, кога загинаа 46-мина морнари. Во вежбата се вклучени 29 бродови, 50 авиони и 4.500 војници.