Втора фаза од санирањето на последиците од нафтената дамка

Стручните лица дадоа дозвола за затворање на дупката во бушотината во Мексиканскиот залив со цемент, што претставува втора фаза од санирањето на последиците од нафтената дамка. Американскиот командант за национални инциденти Тед Ален изјави дека напорите да се затвори дупката во бушотината во Мексиканскиот залив напредуваат и оти наскоро нафтата веќе нема да се излева. Тој го осуди предизвикувањето на тримесечната катастрофа и соопшти дека издал дозвола за инјектирањето цемент во бушотината. Претходно Белата куќа соопшти дека околу 75 проценти од излеаната нафта во Мексиканскиот залив веќе е исчистена.