Воени вежби на морнарицата на Јужна Кореја

Јужна Кореја ќе спроведе големи вежби на морнарицата во близина на морската граница со Северна Кореја, објави министерството за одбрана. До вежбите доаѓа како предупредување по нападот врз јужнокорејскиот воен брод во март годинава, во кој загинаа 46 морнари. Одбранбени претставници соопштија дека вежбата вклучува учество на 29 бродови и 4 500 припадници на армијата и на морнарицата.