Хрватска ја одбележува 15-годишнината од акцијата „Олуја“

Хрватскиот државен врв денеска во Книн ќе присуствува на централната прослава на Денот на победата и Денот на бранителите. Силите на хрватската војска и полицијата на 5- ти август 1995- та година, еден ден по почетокот на акцијата „Олуја“, влегоа во Книн - седиштето на тогашната самопрогласена Република Српска Краина.