Милијардерите во САД ќе подарат дел од богаството

Повеќе од 30 американски милијардери ветија денеска дека ќе дадат половина од своето богаство во добротворни цели како дел од кампањата на инвеститорот Барен Буфет и на основачот на Мајкрософт Бил Гејтс. Меѓу оние кои ветиле дека ќе дадат дел од своето богаство се и градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг, ко-основачот на Оракл Лари Елисон, енергетскиот тајкун Бун Пичкенс медиумски магнат Тед Тарнер, Дејвид Рокфелер и инвеститорот Роналд Прелелман. Гејтс и Бафет започнаа кампања да ги убедат стотиците американски милијардери да дадат дел од своето богаство за време на нивниот живот или по нивната смрт во добротворни цели.