Адвокат од Иран бара азил во Турција

Од Агенцијата за бегалци на ОН соопштуваат дека адвокатот на иранката осудена на смрт заради прељуба се наоѓа во Турција и бара азил. Иранската полицја се обидела да го пронајде адвокатот и да го уапси но не го нашле. Од ОН соопштуваат дека адвокатот е во притвор во Турција и дека побарал азил. Адвокатот е познат активист за човекови права, тој ја бранеше и иранката која е осудена на смрт со каменување заради прељуба. Иран времено го стопираше извршувањето на казната поради меѓународни притисоци, но не се откажува од намерата да се изврши пресудата.